Оставката на Мемеди на дневен ред во македонското Собрание

Собранието денеска треба да ја констатира оставката од заменик претседателот на законодавниот дом, Весел Мемеди..

Како што предвидува Деловникот за работа на Собранието, Мемеди најпрвин ќе има можност да им се обрати на пратениците, по што ќе следи констатација на неговата оставка од пратеничката функција.

Мемеди оставката ја поднесе на 26 јуни затоа што не бил консултиран, односно без негова согласност се сменил министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу. На местото на Фазлиу се најде Горан Милевски од ЛДП.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top