Осумнаесет години од загинувањето на 10-те армиски резервисти кај Карпалак

Денеска се одбележуваат 18 години од загинувањето на 10-те прилепски бранители во месноста Карпалак..

Одбележувањето почна вчера со оддавање почит на бранителите во прилепската касарна „Мирче Ацев“, а продоложи утрово со положување на цвеќе.

Поради закажаните активности по тој повод, од 8.45 часот сообраќајот на регионалиот пат Тетово – Скопје е во прекин и истиот се пренасочува по стариот пат кај клучка Групчин, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин, кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top