„Ова е како воена зона, катастрофа за Бејрут и Либан“, изјави градоначалникот на Бејрут

Либанските спасувачки екипи копаа низ урнатините во потрагата по преживеани во огромната експлозија што вчера го потресе главнот град Бејрут, во која досега загинаа 100 луѓе, 4.000 се повредени, а властите очекуваат бројката да расте.лица, е предизвикана о.

„Ова е како воена зона. Останав без зборови. Ова е катастрофа за Бејрут и Либан“, рече градоначалникот на Бејрут Џамал Итани за време на увидот во штетата, за која рече дека ќе изнесува милијарди долари.

Шефот на Црвениот крст рече дека уште се трага по преживеани и дека е можно да има уште жртви. Тој изјави и дека Црвениот крст се координира со Министерството за култура да се подигнат монтажни мртовечници, оти болниците се пренатрупани.

Преседателот Мишел Аун рече дека 2.750 тони амониум нитрат, што се користи за ѓубриво и за бомби, шест години бил складиран на пристаништето без мерки за безбедност, за што тој рече дека е неприфатливо.  Нема официјална информација што ја предизвикало експлозијата. Безбедносни извори и локалните медиуми велат дека била предизвикан од заварувачки работи кои се изведувале во дупка во магацинот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top