Патријарх Иринеј: Барањето на МПЦ до БПЦ е доказ за незрелост

Српскиот патријарх Иринеј смета дека барањето на македонската православна црква од бугарската православна црква да ѝ биде мајка црква е доказ за незрелост. Според него, ваквото барање нема ниту канонска ниту историска основа..

„Не сакам да навредам никого, но факт е дека тоа што го направија барајќи мајка црква да им биде бугарската е само доказ за незрелост. Ја покажуваат својата незрелост да го решат своето прашање губејќи ја од вид состојбата во која се наоѓаат. Проблемите можења да ги решат само во заедница со Србија која им е искрен пријател, без никакви индиции, освен историски и фактички, но за жал тоа не го направија. Тие сакаа еден канонски проблем да го решат со пуч. Тоа не е принцип во црквата, постои договор, разговор“, вели поглаварот на СПЦ во интервју за ТВ Храм.

Тој вели дека му е жал за македонскиот народ кој заслужува решавање на прашањето.

„Мене лично ми е жал за тој народ, побожен и честит и заслужува тоа прашање да се реши на најдобар начин“, вели патријархот Иринеј.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top