Пекол на рајскиот остров - лава тече по улиците на Хаваи

Вулканот Килауеа ги загрижува властите со неговата експлозивна активност, а откако од завчера почна да избива лава, периметарот на евакуација е проширен..

По улиците на Големиот Остров на Хаваи тече лава, а од вулканот излегуваат чад, пепел и огнени камења што се лансираат на голема височина и далечина.

Полицијата, противпожарната служба и Националната гарда се распределени на Хаваи да му помогнат на локалното цивилно население.

Изолирани се уште 40 домови во проширениот периметар, а лавата веќе уништи 40 градби, од кои 26 домови.

Вулканолозите велат дека завчерашната експлозија и ерупција на вулканот била најсилната во изминативе неколку дена.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top