Перез навистина бил решен да ја шокира јавноста со трансфер на Лео Меси

Реал Мадрид бил сериозен во намерите да го донесе Лео Меси во своите редови, а таква намера имале во 2013 година, кога за Аргентинецот „кралевите“ биле подготвени да платат четврт-милијарда евра..

Според пишувањата на германскиот Der Spiegel, Флорентино Перез ја активирал откупната клаузула на Меси со цел да го донесе на Сантијаго Бернабеу, а откако во тоа не успеал, се решиле да го ангажираат Герет Бејл од Тотенхем за 100 милиони евра.

Во извештајот на овој германски весник исто така стои дека Реал правел притисок на тогашната шпанска власт со цел дополнително да го истражи случајот на Меси со затајувањето на данок, со што би направиле дополнителен притисок врз играчот, а по објавувањето на овие информации, од редовите на актуелниот европски шампион, веднаш ги демантираа таквите приказни.

Поврзано со сите овии шпекулации, се верувало дека доколку тогаш бил реализиран овој мега трансфер, со дополнителни бонуси, трансферот би изнесувал преку 300 милиони евра.

Да потсетиме дека Реал Мадрид во јули 2000 година од Барселона го донесе Луис Фиго во трансфер вреден 50 милиони евра и тој трансфер се смета за еден од најконтроверзните во историјата на фудбалот.

Лео Меси во дресот на Барселона има одиграно преку 400 натпревари во кои има постигнато 365 голови, а за репрезентацијата на Аргентина има запишано 123 настапи и 61 погодок.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top