По Куба и Карибите, Ирма цели кон Тампа

Најновите предвидувања покажуваат дека ураганот Ирма ќе направи директен удар во градот Тампа, кога бурата ќе се сврти кон западниот брег на Флорида, откако ги погоди Куба и другите острови на Карибите..

Новиот курс проценет од страна на Националниот центар за урагани сугерира дека Мајами нема да има директен удар како што првично постеја стравувања, иако силните ветришта и дожд се уште се очекува да предизвикаат голема штета во големата метропола и во блиските туристички центри. Ураганот Ирма, кој беше оценет како ураган од категоријата 5, беше намален во категоријата 3 откако го погоди кубанското крајбрежје, со ветрови со силина до 200 километри на час. Официјалните претставници сооопштија дека има голема штета по должината на северно-централниот брег на Куба, главно врз провинцијата Сиего де Авила.

Утринава бурата се движи кон Флорида Кис, и повторно ја зголеми силата и беше класифицирана како ураган од категоријата 4 со постојани ветрови од 210 километри на час. Невремето се очекува да се движи по западниот брег на државата, стигнувајќи до Тампа.

Гувернерот на Флорида, Рик Скот, нареди евакуација на повеќе од пет милиони луѓе од очекуваната патека на бурата во државата. Најмалку 20 смртни случаи на Карибите се пријавени од ефектите на Ирма. Се очекувада дојде до поголемо уништување, бидејќи ураганот Хозе, бура од категорија 4, се движи по патот на многу од истите острови.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top