Почнува судењето на Боки-13 и Ременски за „Меѓународен сојуз“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска почнува судењето за случајот „Меѓународен сојуз“, во кој обвинети се Бојан Јовановски - Боки 13 и пратеничката Фросина Ременски..

Првообвинет во случајот е Боки 13, а обвинети се и неговиот татко, Миле Јовановски, потоа Јасна Мандиќ, Христина Блажевска и пратеничката Ременски.

Според Обвинителството, тие се обвинети дека „ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект за изградба на домови за стари лица, за што дале над еден милион евра“.

Предметот е распределен кај судиите од случајот „Рекет“ - Васка Николовска - Масевска и Софче Гаврилова - Ефремова, која сега е на чело на судечкиот совет, а Николовска - Масевска е втор судија.

Првообвинетиот Јовановски веќе беше прогласен за виновен во случајот „Рекет“, за што му беше изречена 9-годишна затворска казна.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top