Почнуваат првите јавни сослушувања за импичмент на Трамп

Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска ќе го започне сослушувањето на клучните фигури во аферата со Украина, а во врска со импичментот на претседателот Доналд Трамп..

Меѓу поканетите се американскиот специјален претставник за Украина Вилијам Тејлор, заменик помошникот државен секретар Џорџ Кент и поранешната американска амбасадорка во Украина Мари Јованович. 

Станува збор за јавни расправи, потег со кој се прекинува фазата на сослушвања зад затворена врата и, како што велат познавачите, ги приближува пратениците на еден чекор поблиску до импичментот на претседателот Доналд Трамп.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top