Полицијата го пронајде Давид

Од полицијата велат дека и претходно имало пријави дека момчето го напуштоло домот и заминало во непознат правец..

Полицијата попладнево го пронајде 28-годишниот Давид за кого таткото Зоран Илиев, познат како Зоран Роџер, тврдеше дека е исчезнат од утринава. 

Како што дознаваме, тој бил пронајден во скопско Катланово, каде што бил со пријател.

На социјалната мрежа „Фејсбук“ попладнево се ширеше апел во кој се бараше помош од скопјани за да го пронајдат Давид.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top