ПОМПЕО ПРЕДУПРЕДУВА: Исламската држава е опасна и надвор од Ирак и Сирија

Зборувајќи на отворањето на состанокот во Вашингтон со министрите за надворешни работи од земјите од меѓународната коалиција кои се борат против ИД, Помпео, исто така, укажа на растечката загриженост поради заканата од оваа терористичка организација..

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги повика земјите-членки од коалицијата што се бори против терористичката „Исламска држава” да ги прифатат заробените џихадисти и да го зајакнат финансирањето за да помогнат во обновата на делови од Ирак и Сирија.

Зборувајќи на отворањето на состанокот во Вашингтон со министрите за надворешни работи од земјите од меѓународната коалиција кои се борат против ИД, Помпео, исто така, укажа на растечката загриженост поради заканата од оваа терористичка организација и надвор од Ирак и Сирија.

Тој рече дека коалицијата треба да се фокусира на западна Африка и регионот Сахел.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top