Поранешен американски претседател пренесен во болница

Поранешниот американски претседател Џими Картер (95) е пренесен во болница во Атланта поради притисок во мозокот презвикан од крварење по пад..

Во соопштението се наведува дека операцијата за намалување на притисокот на мозокот е закажана за утринава.

Картер е хоспитализиран три недели откако паднал во својот дом и ја скршил карлицата. Оваа година, најстариот поранешен американски претседател, трипати паднал во домот.

Картер стана претседател во 1976 година, а неговиот мандат го обележаа економската и енергетска криза. На изборите во 1980 година загуби од Роналд Реган, а по напуштање на Белата куќа се занимавал со хуманитарна работа, изнаоѓање на мировни решенија за меѓународни конфликти, промоција на човековит права и економски развој за што во 2002 година доби Нобелова награда за мир.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top