После изборите почнуваат подготовки за организирање на попис на населението

Последниот попис на населението во Македонија беше во 2002 година, според кој во земјава има 2.022.547 жители..

Во 2011 година имаше неуспешен обид за попис, а вицепремиерот Бујар Османи најави дека наскоро може да се случи нов попис на населението.

„Да поминат изборите на 15 јули и после тоа ќе започнеме со подготовките за организирање на попис на населението“, кратко рече Османи на денешната прес-конференција.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top