“После мене”, “Око мое” и “Спремај мајко дарови” ја одбележуваат кариерата на Стојне Николова

“После мене”, “Око мое” и “Спремај мајко дарови” ја одбележаа мојата музичка кариера. Ова го истакна познатата пејачка Стојне Николова при неодамнешното интервју за ИН ТВ..

Пред само краток период, Стојне Николова ја промовираше нејзината најнова песна која што е насловена “Спремај мајко дарови”. Станува збор за убава македонска песна, со свадбарска тематика. Стојне при интервјуто за ИН ТВ вели дека радува фактот што песната веќе е доста барана на нивните настапи ширум земјава.

-Некако мојата кариера ја одбележаа песните После менеОко мое и Спремај мајко дарови. Уште не беше промовирана оваа песна и веќе ја побараа на свадба, односно свадбата се отвори со неа и навистина ми е мило бидејќи може секоја невеста па и нејзината мајка да се пронајдат во песната. Немав досега песна со свадбарска тематика и мислев дека е време да се направи и таква, па и јас ќе бидам една невеста во иднина.-истакна Николова, за естрадниот магазин Естрада плус.

Кога станува збор за настапи, летниот период за Стојне и Бобан помина доста работно и со бројни ангажмани. Тие често се гости во познат Охридски ресторан, каде што знаат да ги соберат повеќето охриѓани на едно место.

-Имавме дури и коментари од гостите, велат…Кога вие настапувате во Охрид, цел Охрид е празен и сите се во Лихнидос.Навистина тоа ми претставува преголемо задоволство и навистина ми е преубаво, не може да се опише едноставно чувството.-додава таа, при интервјуто.

Инаку, Стојне и Бобан на 28-ти септември ќе настапат на Трноечките средби кои ќе се одржат во хотелот “Де Ланч” во Швајцарија. Забавата е закажана со почеток од 19 часот, па сите македонци кои живеат ширум Швајцарија ќе имаат убава можност да се дружат заедно со нив и убавата македонска песна. Настанот ќе биде покриен од Сателитската ИН ТВ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top