Повеќе од 20 повредени: Во САД веќе 12 часа гори воен брод

Бројот на повредени на американскиот десантен брод "Боном Ричард", на кој вчера избил пожар, пораснал на 21. Повредени се 17 морнари и 4 цивили, а од бродот биле евакуирани 160 лица, соопштила командата на американската мораница..

Бродот гори веќе 12 часа. На него се наоѓаат околу 3.700 тони запалив материјал. 

Пожарникарите моментално ја држат ситуацијата под контрола.

"Според прелиминарните податоци, до експлозијата дошло поради пораст на температурите по избивањето на пожарите, чии причинители ги утврдува истрагата", рекол контраадмиралот Филип Собек.

Се истакнува дека пожарот почнал да се шири од долната палуба.

Пожарната служба на Сан Диего претходно соопштила дека неколку морнари настрадале во пожарот кој избил на американскиот десантен брод "Боном Ричард" на помарската база во тој град.

Медиумите во неделата јавиле дека се повредени дури 11 морнари.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top