Пожар на Халкидики

Голем пожар избувна на вториот крак на Халкидики..

Грчките медиуми пренесоа дека гори шума и сува трева во реонот на Каламици, а пожарот брзо се шири.

На терен се испратени 14 противпожарни екипи и 24 пожарникари, а подготвен е и авион за гаснење.

Видливоста на патот од Солун кон Неа Мудања е многу слаба, а на социјалните мрежи се објавуваат информации дека автомобилите се паркираат крај патит и не можат да го продолжат патувањето.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top