Пожрот зафати повеќе од 20.500 хектари во Калифорнија

Пожарот, кој гори во близина на градовите Риверсајд и Сан Бернардино во Калифорнија, зафати најмалку 20.516 хектари.

Само пет проценти од пожарот се ставени под контрола, соопштија од тимот за управување со инциденти.

Според Си-ен-ен, неколку фактори им отежнуваат на пожарникарите да се борат со пожарот, што избувна во петокот. Најзначајниот од нив е структурата на теренот, изјави портпаролката на противпожарната служба на Националната шума во Сан Бернардино, Лиза Кокс.

„Имаме исклучително стрмен, нерамномерен терен“, рече Кокс.

Повеќе од 7.000 луѓе се евакуирани поради пожарот кој избувна во петокот. Причината за пожарот сè уште се истражува.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top