Пратениците гласаат поединечно, Џафери нареди да се заклучат вратите

Пратениците ќе гласаат поединечно, а спикерот Талат Џафери нареди да се заклучат вратите за никој да не излезе. Ваквото гласање е на барање на ВМРО-ДПМНЕ..

„Во име на пратеничка гр,упа на ВМРО-ДПМНЕ, поради оваа историска ноќ и историски момент за Македонија, знаејќи дека ќе гласаме за отворање на уставните амандмани, бараме гласањето да се врши со поименично гласање. Електрониката затајувала, на ова гласање важно е за пратениците да биде поименично“, рече Драган Данев, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред тоа пратениците ја усвоија одлуката за пристапување кон уставните измени со 80 гласа „за“ по што почнаа да се читаат пратениците еден по еден за гласно да се изјаснат дали гласале „за“ или „против“.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top