Пред финалната одлука за рекорден трансфер – Јунајтед доби совет да му се јави на – Мино Раиола!

Манчестер Јунајтед веќе е одбиен за Хари Мегвајр ова лето, црвените ѓаволи доставиле понуда од 70 милиони фунти, но биле експресно одбиени од Лестер..

Сега еден од новинарите на Скај Спорт, им даде револуционерна идеја, која секако има протор и треба да биде анализирана.

Јунајтед и Солскјер се во потрага по звучно име во одбраната, каде сакаат идната сезона да нема провев од сите страни, како што беше минатата, па затоа се подготвени да исплатат мноштво на пари за да осигурат квалитетен дефанзивец.

Кавех Солхекол од Скај Спорт сега им советува на Јунајтед да го контактираат Мино Раиола и да прашаат до каде е работата со Де Лихт.

„Доколку јас бев сега дел од Манчестер Јунајтед, ќе сакав да се распрашам до каде е ситуацијата со Де Лихт. Па тој е 7 години помлад од 26 годишниот Мегвајр, веќе ако вложуваат 70 милиони, треба да размислат за тоа. Де Лихт е 19 годишен и во овој момент изгледа дека е најблиску до Јувентус, од кои Ајакс ќе инкасира 50 или 60 милиони фунти. Само треба уште еднаш да го контактираат Мино Раиола, да прашаат за можноста за трансфер, иако знам дека и претходно Јунајтед работеше на можен негов трансфер во Англија“, истакна горе споменатиот новинар.

Имено, Лестер за Мегвајр бара 90 милиони фунти, со што тој би бил рекордно платен трансфер за еден дефанзивец.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top