Пред застрашувачката Ирма наредена евакуација за 6,3 милиони жители на Флорида

Евакуацијата во помали размери е наредена и во сојузната држава Џорџија, како и во Јужна Каролина.

Гувернерот на Флорида објави во саботата дека е наредена евакуација на 6,3 милиони жители, што е четвртина од населението на оваа американска сојузна држава кон којашто се движи разорниот ураган Ирма кој веќе мина ги карипските острови и Куба.

Гувернерот на Флорида Рик Скот истакна дека евакуацијата вклучува нови 700.000 луѓе кои примиле наредба за евакуација, по наредбата од петокот вечерта којашто се однесуваше на евакуацијата на 5,6 милиони луѓе. Со тоа бројот на луѓето за кои е налажена евакуација поради ураганот Ирам во моментов се проценува на 6,3 милиони луѓе.

„Доколку ви е наредена евакуацијата каде и да е во сојузната држава, морате веднаш да заминете. Не ноќеска, не за еден час, туку веднаш“, порача гувернерот Скот во Винтер Парк во близина на Орландо.

„Ви истекува времето да ја донесете одлуката“, заклучи Скот порачувајќи дека Флорида „никогаш не сведочела на ваква смртоносна бура“, како и дека кога таа ќе почне „безбедносните сили нема да може да ги спасуваат жителите“, пренесува The Washington Post.

Евакуацијата во помали размери е наредена и во сојузната држава Џорџија, како и во Јужна Каролина.

Ураганот Ирма во саботата тргна кон јужниот дел на Флорида од каде што милиони луѓе бегаат од своите домови, а стручњаците открија дека оваа масивна бура ослабила на категоријата 3, иако веројатно повторно ќе зајакне кога ќе ја мине Куба.

Се очекува дека Ирма ќе ја погоди Флорида во раните неделни часови, а The Washington Post пишува дека траекторијата на бурата се променила преку ноќта, па сега најтешко ќе го погоди западниот брег на Флоридскиот полуостров на кој живеат 20 милини луѓе, наместо средишниот како што досега се очекуваше. Западниот брег го очекуваат бранови до 4,5 метри во височина.

Тампа, градот чиешто пошироко подрачје брои околу 2,4 милиони жители и кој се наоѓа на новата рута на Ирма, се очекува дека во неделата четири до пет часа ќе биде под удар на ураганот, па градоначалникот Боб Бакнорн ги повика жителите да ги напуштат низинските подрачја и објави дека се отворени дополнителни засолништа. Градот по бурата го очекуваат поплави кои ќе стасаат во понеделникот со плимата, откри Бакхорн за телевизијата CNN.

Невремето први ќе го погоди архипелагот Флорида Ки, па центарот за урагани ги предупреди неговите жители дека и натаму имаат време да се евакуираат, но дека сѐ побрзо истекува. Ирма во саботата утрото по локално време се наоѓаше околу 285 километри југоисточно од овој архипелаг, а се движи со брзина од околу 15 километри во час.

Американскиот претседател Доналд Трамп на жителите на Флорида им порача да ја користат интернет страницата која ја отворија локалните служби за справување со природни катастрофи за да ги пронајдат засолништата и да добијат информации за затворените патни правци и насоките за евакуација.

Ирма претходно седмицава веќе предизвика големи штети кога како ураган од највисоката –та категорија ги погоди Американските и Британските Девствени острови, Ангвила, француските прекуморски територии Свети Мартин и Свет Бартломеј каде има и холандски прекуморски територии, Свети Китс и Невис. Во овој регион, според последните официјални информации, најмалку 25 лица ги загубиле животите.

Подрачјето веќе погодено од Ирам го очекува и ураганот Хозе од категоријата 4, кој во сабота се наоѓа во близина на Мали Антили.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top