Предавање не постои во речникот на Рома: „Волчицата” сака да се повтори Барселона

Некако случајно, Рома повторно има три гола негатива во еден нокаут-двомеч од Лигата на шампионите..

Калчолигашот се најде во иста ситуација како по првиот дуел против Барселона во четвртфиналето кога губеше со 1-4. Сега е 2-5, но разликата и амбициите се исти како во претходната рунда.

„Тешка ноќ за нас, се подготвувавме за ова, но загубивме многу дуели против нив и им оставивме многу простор што никако не смееше да се случи. Во првите 30 минути игравме како што се договориме, а потоа не пресече голот на Салах по што беше тешко да се вратиме.

Како и да е, мораме да веруваме во ново чудо иако е тешко да се повтори она што го направивме против Барселона. Од вечерва се подготвуваме за тој натпревар, ќе биде тешко, но немаме што да загубиме“, изјави тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо.

Реваншот на Олимпико се игра за една недела, на 2 мај.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top