Премиерот Заев на работни средби во Виена

Зоран Заев, ќе учествува на работни средби и панел дискусија со претставници на австриски компании.

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, ќе учествува на работни средби и панел дискусија со претставници на австриски компании во организација на Мрежата за бизнис развој на Југоисточна Европа. 

Премиерот Заев ќе учествува на панел дискусија организирана од австрискиот институт „Карл-Ренер“ и фондацијата „Фридрих Еберт“ за ЕУ перспективите на Република Северна Македонија и домашните реформски процеси.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top