Престанува мандатот на обвинителите на СЈО

Денеска Советот на јавните обвинители треба да расправа за статусот на десеттемина обвинители од СЈО, откако претходно републичкиот обвинител Љубомир Јовески ги презеде предметите од СЈО..

Има две опции. Едната е да се вратат во матичните обвинителства, од каде што дојдоа, а местата им се во мирување, или доколку се почитува Законот за СЈО, ќе се распоредат во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција или во Вишото обвинителство.

Според Законот за СЈО, кој има важност до септември 2020 година, предвидено е обвинителите и останатите вработени да се распоредат на позиции со слични примања, што во случајот за обвинителите би значело позиционирање или во Вишото обвинителство или во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top