Претседателот на словенечкиот парламент Брглез во Македонија

Претседателот на парламентот на Словенија Милан Брглез во рамките на посетата на Македонија ќе има обраќање пред пратениците во македонскиот парламент..

Предвидено е тој да има средба со претседателот на парламентот Талат Џафери, како и со претседателите и членовите на собраниските комисии за надворешна политика и за европски прашања. 

Милан Брглез ќе разговара и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top