Претставена книгата „Да не бидам покусо“ од Звездан Георгиевски

Синоќа, на манифестацијата Летни уметнички ноќи на улица Самоилова,во организација на „Култура 365“, беше претставено најновото прозно дело од Ѕвездан Георгиевски, со наслов „Да не бидам покусо“..

Ѕвездан Георгиевски (1961) е реномиран македонски новинар, колумнист и уредник во повеќе редакции.

Основач е на првото приватно радио во Македонија, „Канал 4“, превел десетина книги, уредил неколку зборници, литературни и публицистички дела.

Во моментов работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“. Автор е на романот „Една недела во животот и смртта на Гроздан“ и публицистичкиот труд „Урбани топоними“.

Книгата „Да не бидам покусо“ претставува збирка од куси раскази и кратки форми, т.н. „едноминутни новели“ создадени под влијание на родоначалникот на овој жанр – Иштван Еркењ, но и на други автори на куси раскази како Хармс и О’Хара. Тематски се движат меѓу надреалното и апсурдот, често навлегувајќи во магичниот реализам.

За ова прозно остварување на Георгиевски зборуваше Славе Ѓорѓо Димоски.(Крај)


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top