Претставничкиот дом на Конгресот на САД го задолжи Сенатот да му суди на Трамп

Претставничкиот дом на Конгресот на Соединетите држави му даде задача на Сенатот да му суди на претседателот Доналд Трамп со тоа што ќе го отвори патот за третото отповикување на шефот на државата на судењето што ќе започне следната недела..

Конгресмените гласаа со 228 „за“ и 193 „против“ за да може во  Сенатот, каде повеќето се републиканци на Трамп, да се спроведе судење на Трамп за злоупотреба на службената должност и опструирање на истрагата на Конгресот.

Пратениците со големо мнозинство гласаа според партиската припадност.

Сенатот се очекува да го ослободи Трамп, бидејќи никој од 53-те републикански сенатори јавно не се изјаснил  дека е за отповикување, мерка за која е потребно двотретинско мнозинство од 100 сенатори.

Но, отповикувањето изгласано минатиот месец од страна на Претставничкиот дом и телевизиското судење во Сенатот може да биде срамно за Трамп, кој се кандидира за втор мандат на изборите на 3 ноември, со Џо Бајден како негов најверојатен демократски опонент.

Трамп е обвинет за злоупотреба на овластувањата со притисок врз Украина да го испита неговиот ривал Бајден и за спречување на истрагите на Конгресот со блокирање на сведочењата и документите што ги барале демократските пратеници.

Републиканскиот претседател упорно ги негира обвинувањата, тврдејќи дека демократите сакаат да го спречат неговиот реизбор со постапката за импичмент.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top