Приведен новинарот кој објави дека Макрон е во театар

Во Франција е приведен новинарот Таха Бухафс затоа што на социјалните мрежи објави дека францускиот претседател Емануел Макрон се наоѓа во еден театар во Париз..

- Се наоѓам во театарот „Bouffes du Nord“. Три реда зад претседателот на Франција. Поедини демонстранти се овде и ги повикуваат сите навака. Подготовките се во тек.  Вечерва ќе има случувања, напишал Бухафс.

Безбедносните сили на Франција го евакуирале претседателот Макрон од театарот во Париз заради напад на антивладините демонстранти.

Поголема група демонстранти отишла пред театарот откако на социјалните мрежи е објавена информацијата дека претседателот Макрон се наоѓа во зградата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top