Протест на пазарџиите, бараат да се укине новиот закон за зелени пазари

Денеска тезгите на Зелениот пазар останаа празни. Пазарџиите излегоа на протест против новиот закон за лиценци. Неколкумина се собраа пред Собранието, други пак на Бит Пазар..

“Не, лиценци немаме и не сакаме да земеме. Многу пари се тоа за нас, 60 евра за тезга, за две, 100 евра, нормално освен лиценците, персоналниот данок го плаќаме година за година“, вели Меваип Фета – трговец.

“Протестираме против лиценците. Не сме против лиценците, туку прво да се подобри економијата. Да дојде до потребното ниво, па потоа да се воведат лиценци. Не сме против“, додава Насер.

“Протестираме, ги бараме нашите права. Ни бараат лиценци, а ние немаме за леб. Четири месеци не сум платила за тезгата, што ќе ми е лиценца кога немам за леб“, додава друг трговец Фатбарда.

Демонстрантите се сретнаа со парламентарната група од СДСМ и побараа укинување на законот.

Во Куманово пазарџиите го блокираа булеварот пред градскиот пазар во знак на незадоволствово.

„Многу високи даноци имаме и не можеме да постигнеме толку. Многу лесно го носат овој закон. Ние не можеме ни тезгите да ги платиме, а не нешто плус“, вели еден трговец.

Пазарџиите велат дека за лиценците треба да платат по 60 евра годишно, а за тезгите треба да плаќаат по 70 евра месечно. Оваа сума според нив е превисока. Пазарџиите велат дека доколку не се земат предвид нивните барања, ќе продолжат со протести и следните денови. Освен лиценци, според новиот закон, на зелените пазари не смее да се продава роба која не спаѓа во прехранбени продукти. Воедно со новите измени, хонорарци, вработени лица и пензонери нема да можат да работат и да поседуваат тезги на пазарите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top