Прв пост-корона спектакл: Се решава Бундеслигата!

По долгата пауза предизвикана од корона вирусот, Германците одлучија први да се вратат на теренот и веќе одиграа две кола од првенството..

Денеска почнува третото и тоа со спектаклот кој во нормални услови сигурно ќе ја потресеше Германија и ќе се бараше билет повеќе. На Сигнал Идуна Парк гостува Баерн Минхен во мечот кој може да го одлучи освојувачот на шампионската титула во Бундеслигата.

Пред мечот Баерн има комотна предност од четири бода (61-57) и во случај на победа ќе избега на седум што на шест кола пред крајот би била недостижна разлика. Неутралните љубители на фудбалот повеќе би сакале триумф на домаќините бидејќи Борусија Дортмунд би се доближила на само еден бод .

За жал, големото дерби ќе се игра без публика што сигурно ќе влијае на атмосферата на теренот и мотивацијата кај фудбалерите на двете екипи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top