Првиот човек на Милан со провокација до Јуве: Не ни се ни блиску

Претседателот на Милан Паоло Скарони смета дека Јувентус не е ни блиску до неговиот клуб..

„Росонерите“ немаат настап во групната фаза од Лигата на шампионите веќе пет години, во првенството и понатаму не можат да му парираат на Јувентус, но без оглед на се за Скарони Милан е далеку пред торинскиот клуб.

На еден настан во Римини тој објасни и зошто е тоа така.

„Милан е светски клуб, седум пати сме ја освојувале Лигата на шампионите, додека Јувентус е уште само италијански клуб. Кога станува збор за глобалната популарност не ни се ни блиску. Ние продаваме дресови во Индонезија, Тајланд, Бразил…“, вели Скалони кој секако не пропушти шанса да му честита на Јувентус за сите успеси во Италија.

Скарони беше запрашан зошто Милан не е повеќе она што беше.

„Работата е во парите. Приходите на Милан изнесуваат 200 милиони евра, додека, на пример, на Реал 700 милиони. Тоа значи дека тие можат да купуваат подобри играчи и да ги плаќаат повеќе од нас. Освен тоа, мораме да изградиме нов стадион, мораме да бараме нови спонзори и мораме дополнително да се пробиваме на светскиот пазар“, одговори Скарони.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top