Прво апсење во Хонг Конг според контроверзниот закон за безбедност

Во Хонг Конг е спроведено првото апсење врз основа на примената на законот за национална безбедност..

Полицијата на Твитер соопшти дека е уапсен маж кај кој е пронајдено знамето за независност на Хонг Конг.

„Човек што го поседува знамето за независност на Хонг Конг беше уапсен во областа Козвеј Беј поради кршење на законот за државна безбедност“, изјави полицијата, објавувајќи фотографија од апсењето.

Исто така, се наведува дека ова е прво апсење од донесувањето на контроверзниот закон.

Вчера Кина официјално усвои контроверзен закон со кој во Хонг Конг ќе се формира биро за истрага и гонење кривични дела што се сметаат за закана за националната безбедност.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top