ПСЖ изнесе нови детали за повредите на Мбапе и Верати пред Аталанта

ПСЖ денеска ги соопшти фитнес вестите за дел од играчите за кои е неизвесно дали ќе бидат дел од следните мечеви во ЛШ..

Мбапе се повреди пред две недели на мечот против Сент Етјен, додека Марко Верати и неговата повреда се уште свежи и не се знае многу за нив.

ПСЖ им должеше соопштение на навивачите и тоа го направи:

„Верати вчера прими тежок удар за време на тренингот и беше пратен на скенирање, а се утврдило дека има повреди на мускулот, кој сигурно ќе го следиме овие 3-4 дена. Мбапе продолжува со опоравувањето според планираното, се врати на трчање и одработува лесни тренинзи без топка“, соопштија од ПСЖ.

Мечот со Аталанта се игра на 12 август.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top