Пукна ли бомбата: Манчестер Јунајтед е продаден!

На социјални мрежи денеска една од најинтересните теми е евентуалната продажба на Манчестер Јунајтед..

Со недели наназад се шпекулира дека има заинтересиран инвеститор кој на Јунајтед ќе им исплати 4 милијарди фунти, а сега се брифира и со конкретни имиња.

Дел од луѓето кои го водат Манчестер Јунајтед, деновиве се во Саудиска Арабија на серија состаноци со еден од најголемите тешкаши во С. Арабија, Бил Салман, кој е заинтересиран да го купи трофејниот клуб од Англија.

Да се потсетиме, Манчестер Јунајтед беше продаден на американското семејство Глејзери во 2005 година за 800 милиони фунти, а таа цифра сега е пет пати поголема.

Доколку семејството Глејзери е навистина решено да го продаде клубот, сигурно најзадоволни ќе бидат навивачите на овој клуб, кои веруваат дека ќе се спасат од долгата тиранија која им ја вбризга гореспоменатото семејство од Америка, на кое што Јунајтед им служеше како финансиска база и поддршка на американската берза.

Се верува дека Јунајтед е веќе во преговори со Бин Салман, кој веќе понудил конкретна цифра, 4,5 милијарди фунти за откупување на целокупниот пакет акции, со што драстично ќе се подигне еуфоријата меѓу „црвените ѓаволи“.

Дури и еден од по познатите новинари од Саудиска Арабија, Моад Махјоуб, брифираше дека има преговори и дека тие се во поодмината фаза.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top