Путин: Верувам дека Русите и Украинците се еден народ, една нација

Претседателот на Русија Владимир Путин во интервју за американскиот режисер Оливер Стоун кажа дека верува дека Русите и Украинците сочинуваат една нација и дека тие две држави треба да најдат начин да се интегрираат..

Материјалот од тоа интервју Стоун го искористил за документарец за Украина, а Кремљ вчера го објави целиот транскрипт.

„Верувам дека Русите и Украинците се еден народ, една нација всушност. 

Кога овие земји кои сега се јадрото на Украина ѝ се придружиле на Русија, сите себеси се сметале за Руси“, кажа Путин во интервјуто.

Тој додаде дека и едните и другите би требало да ја искористат својата „конкурентска предност во некој облик на интеграција“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top