Рајола удри по Солскјер, причината Погба: Имаше и тоа што да му каже на Норвежанецот

Познатиот менаџер, Мино Рајола го критикуваше Оле Гунар Солскјер, менаџерот на Манчестер Јунајтед и воедно го праша дали го смета Пол Погба за свој затвореник..

За потсетување, Солскјер пред извесно време истакна дека Погба припаѓа на клубот, а не на Мино Рајола.

„Пол не е мој, а сигурен сум дека не е сопственост ни на Солскјер. Пол е Пол Погба. Не може да биде во сопственост на човечко суштество. Се надевам дека Солскјер не сугерира на тоа дека Погба е негов затовореник. Но пред да почне да го коментира она што го кажувам, нека се информира за содржината на она што сум го кажал“ изјави Рајола.

Потсети дека тој е слободен граѓани кој смее да коментира и потенцираше дека до сега бил фин кон стратегот на Јунајтед.

„Нека се сети само за работите кои ги кажа летово на Погба. Мислам дека сега има фрустрации од други страни, па ги меша работите и проблемите. Тој мора да се грижи за други работи, да само тој, јас тоа би го правел да сум на негово место“, нагласи Рајола.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top