Рама: ЕУ го изневери Заев

Европската Унија го изневери премиерот Зоран Заев, изјави албанскиот премиер Еди Рама коментирајќи дека ситуацијата во Северна Македонија се разликува од онаа во Албанија..

Во случајот со Заев сè е јасно, вели Рама и истакнува дека во ваква ситуација секој би постапил исто бидејќи од Заев било побарано да се смени името на државата.

„Знаете ли што значи да се промени името на државата? Тоа е како човек да го промени своето име и повеќе да не се вика Фавзи, туку Сами“, истакна Рама.

Тој повори дека по неуспехот со неотворањето на преговорите со ЕУ, нема намера да поднесе оставка.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top