Рамос испрати моќна порака до Зидан: До смрт!

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид потенцираше со својата изјава безрезервна поддршка за тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан..

Оваа негова реакција доаѓа по крајно неочекуваниот пораз од Мајорка по кој повторно се засилија шпекулациите за можното заминување на Французинот од клупата на Реал.

„Кралевите“ веќе денес имаат нов меч, гостувањето во Истанбул против Галатасарај во рамки на Лигата на шампионите.

„Сега на ум и покрај се што се случува имаме да одиграме добро и да победиме во Турција.Секој знае дека сите во соблекувалната сме до смрт со Зи-Зу, и што и да се случи треба да дејствуваме обединети.Реал секогаш се враќа и единствениот начин е да бидеме заедно. Добрите резултати ќе сè вратат на наша страна“, истакна Рамос.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top