Реал има поважни работи: „Кралевите“ нема да играат на Бернабе до 14 септември

Раководството на Реал Мадрид упати барање до Ла Лига во првите три кола од шпанското првенство во новата сезона да не игра на домашен терен..

Причина за тоа се работите на стадионот Сантијаго Бернабе кој не е во состојба да прими навивачи до средината на септември кога се очекува се да заврши. 

Конкретно, Реал не може да игра дома во новата сезона барем до 14 септември кога почнува новата сезона во Лигата на шампионите.

Интересно е тоа што слични барања поднесоа и Еибар, Сосиедад и Ваљадолид кои, исто така, работат на своите стадиони, што значи дека овие четири екипи не можат да играат меѓу себе во првите три кола. Сезоната во шпанското првенство почнува на 17 август, а ждрепката за распоредот ќе се одржи утре.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top