Река во Тетово: Вашите гласови се свети, и тие ниту се продаваат ниту се подаруваат

Ова ваше бројно присуство е најубедлив одговор кон тие што овие денови со говор на омраза најавуваа погреби и се бавеа со починатите од мојата фамилија, рече кандидатот за претседател Блерим Река во Тетово..

,,Но, вечерва нема да се занимавам со нив, затоа што гласачите ќе им одговорат најдобро во недела.Вечерва, заедно со вас го финишираме патот на победата

Вечерва, ја пишуваме новата историја: за една Републикатa за сите, со законот над сите .

За Републиката, каде владее правото, а не на поединецот.Против заробената, приватната и празната држава.Против корупцијата, непотизмот и селективната правда.Посебно против трговијата со гласови

Вашите гласови се свети, и тие ниту се продаваат ниту се подаруваат

Затоа излезете масовно да гласате, без разлика на која партија и припаѓате.Докажете дека Вие не сте само гласачи, туку и гласаниКога Вие ќе го изберете вашиот Председател

Тетово: дали сте за Албанец за Предеседател на Републиката?Вие сте суверенот што одлучуваВашиот глас ќе ја направи Северна Македонија, мулти- етничка и Евро- Атланска Република.

Една Република за сите, порача во Тетово , кандидатот за претседател Блерим Река.  

Лидерите на Алијансата на Албанците и Беса, Зијадин Села и Билал Касами побараа Албанците да гласаат за Блерим Река.

,,Гласот за Река е почит за сите Албанци кои биле во затвор за рамноравност и достоинство на народот. Да покажете на 21 април револт против неостварените ветувања за правда. Тоа ќе биде порака дека Албанците се тука и ќе останат, рече Села.

Касами порача дека на овие претседателски избори треба да се делегитира власта.

,,Да не заборави Заев дека режимот на Груевски беше соборен со гласот на Албанците. Можам да кажам дека и режимот на Заев и неговите соработници Албанци ќе биде соборен исто со гласот на Албанците, со гласот за Блерим Река, истакна Касами.

На митингот поддршка за Блерим Река побара Албин Курти, политичар од Косово, лидер на движењето Самоопределување. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top