Реконструкција на Сан Паоло: Наполи продава четворица за 200 милиони евра

Наспроти амбициозниот почеток, оваа сезона не е успешна за Наполи, освен ако во финишот успее да го поправи впечатокот со евентуална победа против Барселона и пласман во завршницата од Лигата на шампионите..

Со заминувањето на Марек Хамшик старата гарда почна да си заминува од Наполи, а тој тренд ќе продолжи и претстојното лето. Планирани се трансфери на четворица играчи за кои клубот се надева дека ќе заработи околу 200 милиони евра. Станува збор за Калиду Кулибали, Алан, Аркадиуш Милик и Фаузи Гулам.

Најголем дел од овие пари одат на евентуалниот трансфер на Кулибали за кого се заинтересирани голем број европски гиганти, пред се Манчестер Јунајтед и ПСЖ. Ако успее во својата намера, Наполи би можел да направи реконструкција на тимот и во новата сезона да влезе освежен.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top