Рикиардо бил во „пол-позиција“ за трансфер во Ферари, но..

Австралискиот возач Даниел Рикиардо меѓу редови открива дека бил дел од некои тивки преговори со Ферари за евентуален трансфер, но до тоа не дошло..

Рикиардо кој од следната сезона се сели во болидот на Мекларен, на местото на Саинц, открива дека бил во контакт со луѓе од Ферари.

Ние имавме контакт со Ферари уште претходните години, а тоа беше и сега случај. Не сакам да го демантирам тоа, имаше контакт, но тоа никогаш не вроди со плод. Јас не бев блиску до трансфер, иако многумина ми зборуваа дека тоа би била одлична работа“.

Рикиардо истакна дека разбира зошто името на Карлос Саинц се нашло на мапата на Ферари.

„Гледам како Карлос успеа да дојде до место во тимот. Немав сомневање зошто јас не бев одбран. Карлос имаше силна 2019 година, па затоа сега е барана „роба“ на пазарот и верувам дека тој е вистинскиот човек за нив“, рече Рикиардо.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top