Ристовски: Ако ДП*НЕ бојкотира, Интегра во име на десницата ќе им даде легитимитет на изборите

ИНТЕГРА која самостојно поднесе кандидатски листи за парламенетарните избори е тие да се одржат во јуни..

Во изјава за Фокус, претседателот на Интегра – Македонска конзервативна партија, Љупчо Ристовски вели дека неговата партија прва побарала да има избори на 14 јуни 2020 година, уште две недели пред да истече втората вонредна состојба, на посебна прес конференција на таа тема.

-Техничка влада според Пржински формат не смее да владее со татковината. Таа освен подготовка и организација на изборниот процес, нема и не смее да има мандат за политички прашања.Услови за избори постојат, ИНТЕГРА во сетот мерки за кризата од корона вирус, со Планот 144 подготвивме сет од 12 мерки за методологијата за успешна организација на изборите се до денот на гласање. Македонија мора да има избори во јуни, затоа што ни е потребна политичка татковинска влада која ќе се справува со ужасно назадувачките политики во периодот од осамостојувањето до денес. ИНТЕГРА е подготвена за учество на изборите, сондажите не охрабруваат да ја зголемуваме нашата видливост и гласност. Со 18,7% поддршка од јавноста ИНТЕГРА е на одличен пат да им ги помрси сметките на двете партии од црно белиот спектрум, со Божја помош, смета Ристовски.


Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да бојкотира, но Интегра во име на десницата ќе им даде легитимитет на изборите.
-ДП*НЕ се спремаат да бојкотираат и со нив да ги повлечат нивните сателити партии, така што десницата во име и за сметка на ИНТЕГРА и ние како лидер на вонпарламентарните партии сме опозицијата која ќе даде легитимитет на изборниот процес, во случај на бојкот на ДП*НЕ и другите опозициски сателити, вели Ристовски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top