Рускиот амбасадор му ја предаде на Заев нотата за прифаќање на новото име

Русија и официјално ја призна Република Северна Македонија под новото уставно име..

Премиерот Зоран Заев синоќа го прими рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, кој му предаде копија од нотата на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, согласно која врз основа на одлуката на претседателот Владимир Путин оваа земја го признава новото име на нашата земја – Република Северна Македонија, соопшти владината прес служба.

Русија ја призна вчера нашата држава под новото уставно име. Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18 февруари во руската Амбасада во Скопје е добиена нота од нашето МНР со кое се известува дека официјалното име на државата е променето во Република Северна Македонија.

-Руската Федерација ја призна таа држава под новото име – Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението од руското МНР.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top