САД до Харадинај: Ако го укинете Специјалниот суд, ќе помине рускиот „трибунал“ за УЧК

САД ги предупредија властите во Приштина дека, доколку косовското собрание го укине Специјалниот суд за злосторствата на УЧК, нема да ја блокира руската иницијатива во ОН за формирање сличен суд..

На можноста за активирање на „планот Б“ за формирање нов, сличен суд, Американците предупредуваа и пред две години, кога властите во Приштина се двоумеа да го усвојат законот за Специјалниот суд, пишува Коха диторе.

Таквата порака овој пат ја пренесе вршителот на должноста амбасадор на САД во Приштина Стовен Бенкс.

Изворите на Коха тврдат дека Бенкс неделава имал неколку средби со шефовите на косовските институции кои ги потсетил на последиците од евентуалното укинување на законот за Специјалниот суд.

„Бенкс се сретна во четвртокот со премиерот Рамуш Харадинај на кого јасно му пренел кои би биле последиците од укинувањето на Специјалниот суд“, пишува весникот.

Тој отворено му кажал дека во тој случај САД во Советот за безбедност на ОН нема да ја блокираат иницијативата на Русија за формирање „трибунал“ сличен на тој во Хаг.

Бенкс прецизирал дека руската иницијатива секако ќе биде заснована врз Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и ќе го третира УНМИК како врховна власт на Косово.

Претходно косовскиот премиер Харадинај кажа дека, доколку се укине законот за специјалните судови и совети, владата ќе ја почитува таквата одлука.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top