Сцена која најдобро ја отсликува атмосферата во Барселона

Барселона повторно не успеа да победи. Овој пат Атлетико Мадрид успеа да извлече бод на „Камп Ноу“. Титулата е се подалеку од „Камп Ноу“, а се поблиску до Реал Мадрид..

Барселона повторно не успеа да победи. Овој пат Атлетико Мадрид успеа да извлече бод на „Камп Ноу“. Титулата е се подалеку од „Камп Ноу“, а се поблиску до Реал Мадрид.

Цела сезона атмосферата во Барселона е траорна и тензична, а последните денови работите се на работ да еруптираат. По сите случувања, порази, афери и пропаднати транфери, во последните месеци на сето тоа се додаде и отказот на Валверде, пристигнувањето на Сетјен, изјавите на Бартомеу и Абидал, а сето тоа влијае катастрофално врз екипата.

Впeчaток е дека Кике Сетјен ја загуби почитта кај играчите, особено кај најголемите ѕвезди. Лионел Меси во саботата го игнорираше помошникот Едер Сарабија додека овој се обидуваше да му даде совет, а и во мечот против Атлетико можеше да се види дека некои работи не функционираат.

Scena koja najbolje oslikava kakva atmosfera vlada u Barceloni

При паузата за освежување играчите на Барселона воопшто не се собраа заедно, не разговараа меѓусебно со намера да направат договор за продолжението од натпреварот и да ги исправат грешките.

По говорот на телото може да се примети како Сетјен беспомошно седи крај аут-линијата, додека некои играчи како Луис Суарез и Лионел Меси повеќе гледаа кон клупата на Атлетико, отколку што водеа сметка за себе.

На другата страна, целосна спротивност. Сите играчи на Атлетико се собраа околу Диего Симеоне и внимателно го следеа секој негов совет, но и критика.

Мечот заврши со 2:2, па Реал Мадрид вечерва ќе има шанса да замине на плус 4 во однос на Каталонците. „Кралевите“ утре го пречекуваат Гетафе.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top