СДСМ: Апсурд е кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за правда од белиот дворец, симбол на криминалот

Апсурд е кога Јанушев и Мицкоски зборуваат за правда, седнати во криминалото здание бранејќи ги криминалите на ВМРО-ДПМНЕ..

„Нема поголем апсурд од тоа за обвинители да зборува Игор Јанушев Дизајн, човек против кого се води истрага поради отворено сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ поврзана со сомнителна набавка на автобуси за ЈСП Скопје.

Дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против правдата и затоа не сакаат нов Закон за јавно обвинителство, јасно е одамна. На преговорите што се водат за овој закон, ВМРО-ДПМНЕ за свој претставник го испрати Антонио Милошоски, осоминчен во случајот „Моќниќ“ и главен дезинформатор во белиот дворец.

Колку е ВМРО-ДПМНЕ за правда говори и фактот што Мицкоски со сиот ум за нов шеф на Јавното обвинителство го предложи суспендираниот судија Владимир Панчевски против кого се води истрага за злоупотреба на АКМИС системот и кој креваше дивоградби во центарот на Скопје.

Рециклирањето на стари, нарачани и политички мотивирани процеси на „Сваровски“ судството  против Зоран Заев, кои добија судска разрешница, нема да го прикријат фактот дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски по секоја цена ги кочат реформите, за да го заштитат криминалот.

Денес борбата против криминалот и корупцијата е бескомпромисна и не познава никава припадност, а најмалку политичка.

На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде јасно дека заврши времето кога политичарите бираа јавни обвинители, а судството се контролираше од белиот дворец. Реформите ќе продолжат во интерес на правдата, граѓаните и државата, колку и да не им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Барањето за предвремени избори ама догодина, е јасно признане дека ВМРО-ДПМНЕ знае дека ќе ги загуби“, се вели во реакцијата на СДСМ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top