СДСМ до Влада со ултиматум до партиите!

СДСМ поставува сериозен ултиматум до партиите на Албанците да се откажат од национализмите во своите програми, доколку сакаат да бидат партнери во власта!.

Генерално општо прифатено мислење е дека парламентарно мнозинство за состав на Влада се прави по математички пат со просто собирање на бројот на освоени мандати на партиите кои влегле во Собранието.


Овој пат се чини нема да биде само тоа. Многу потешко одат принципиелните усогласувања меѓу партиите и нивните програми.

За прв пат во поновата историја на формирањето парламентарно мнозинство македонска партија и тоа токму СДСМ, поставува сериозен ултиматум до партиите на Албанците да се откажат од национализмите во своите програми, доколку сакаат да бидат партнери во власта!

Досега секогаш било спротивното. И тоа се случува во ситуација кога освоените пратенички мандати не и даваат таква сигурност, и кога се води трка на дневна основа кој попрв ќе формира парлементарно мнозинство.

Ова е секако важен исчекор во преговорите меѓу партиите кој може да донесе нов квалитет при формирање Влада. Имено тоа значи дека конечно СДСМ сака да расчисти со досегашниот манир на состав на Влада во која министрите -коалициски партнери им полагаа сметка не не премиерот туку на своите партиски лидери, а тоа веќе 18 години е ДУИ и Али Ахмети.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top