СДСМ: Мицкоски не може да го одбрани криминалот на Груевски

Соопштение во СДСМ..

Јасно е дека Мицкоски не успеа повторно.

Мицкоски побегна од лидерска средба но од правдата нема бегање. Мицкоски нема да може да го одбрани криминалот на Никола Груевски, вистинскиот негов шеф.

СДСМ докажа дека за нас криминалот не познава партиски бои.

Новиот предложен текст на Законот за Јавно Обвинителство е уште една потврда за тоа.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го бранат криминалот а СДСМ бескомпромисно се бори против криминалот и корупцијата.

Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжат, нивќе ги застапува новото ЈО. Одговорност за сите овие предмети ќе има.

Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот.

Секој што го прекршил законот ќе се соочи со правдата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top