СДСМ: Повеќе нема да може да се злоупотребува УБК

Една од клучните реформи во борбата со организираниот криминал е отворањето на Националниот координативен центар за борба против организиран криминал.

Со реформите во полицијата се предвидува отстранување на посредничката улога на Управата за безбедност и контраразузнавање и се елиминира можноста за злоупотреба на таа институција, соопштија од владејачката СДСМ.

– Една од клучните реформи во борбата со организираниот криминал е отворањето на Националниот координативен центар за борба против организиран криминал кој наскоро ќе почне да функционира и во него ќе бидат вклучени Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа и Јавното обвинителство – се наведува во партиското соопштение.

Фокус


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top