Се бара работна сила - германската влада најави нов закон за доселување

Во Германија има над 50 различни дозволи за престој. Има визи за уметници, дозвола за привремен престој, дозвола за траен престој, сина карта на ЕУ за висококвалификувани работници и уште многу прописи и правила..

Основно барање на СПД

закон за доселување со години е една од главните точки во програмата на СПД, но тоа секогаш наидуваше на отпор кај коалиционите партнериБарање да се донесе закон за доселување со години е една од главните точки во програмата на СПД, но тоа секогаш наидуваше на отпор кај коалиционите партнери во ЦДУ и СПД. „Германија не е доселеничка земја", е ставот на конзервативците. Подоцна законот за доселување беше блокиран поради фактот дека има толку многу законски прописи поради што не е потребен посебен закон.

Социјалдемократите пак гледаат сосем поинаку: „Постечките регулативи за доселување се бирократско чудовиште“, коментира политичарот на СПД, Буркарт Лишка за ДВ. За да може Германија да биде конкурентна на пазарот за привлекување странски квалификувани работници, потребен ѝ е „едноставен, јасен и разумен закон за миграција

Досели се да работиш, а не да примаш социјално

Во меѓувреме партиите на Унијата се подготвени да разговараат за законот за имиграција, но не под тоа име. „Основната насока ја нуди коалицски договор, а таму зборуваме за закон за доселување на квалификувани работници“, нагласува Филип Амтор. Пратеникот на ЦДУ во Бундестагот и член на Комисијата за внатрешна политика вели дека за него и за целата Унија имиграцијата значи: доселување на работници. „Ние немаме баш мала миграција“, вели Амтор.

Нов конфликт на повидок

Што и да значи тоа, министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер сака во октомври да претстави нешто што би можело да изгледа како закон за доселување. Сѐ уште е нејасно што ќе содржи тој.

Во Германија, годишно би можеле да влезат фиксен број доселеници кои би биле избрани врз основа на систем на бодување.Пред изборите, СПД претставуваше концепт кој во голема мера се заснова на канадскиот модел. Во Германија, годишно би можеле да влезат фиксен број доселеници кои би биле избрани врз основа на систем на бодување. Бодовите ќе се делат врз основа на степен на образование, работно искуство, познавање на германски јазик и дали кандидатот има роднини во Германија. На изработка на овој концепт работеше Карамба Дијаби, пратеник на СПД во Бундестагот.

„Со законот за имиграција сакаме да обезбедиме транспарентност и да покажеме кој и врз која основа може да дојде да живее и да работи во Германија.

Според овој модел, теоретски во Германија може да се доселат луѓе и без конкретна понуда за работа. Тоа е причината поради која политичарите на Унијата ги отфрлаат сите модели кои се засноваат на систем на бодови.

„Кога се работи за доселување, едно нешто мора да биде јасно", вели Армин Шустер од ЦДУ: „Имиграцијата во Германија се одвива по пат на пристап до пазарот за работа." Тоа значи - нема доселување без конкретна понуда за работа.

Од индиски информатичар до украински готвач

Но сега дури и во Унијата е јасно дека постоечките правила се премногу сложени. И Филип Амтор вели дека „досега имало големи пречки".

Поради тоа, идниот закон за доселување најверојатно ќе ги поедностави постоечките правила, што исто така би било во согласнст со насоките од Советот на експерти за миграција.

Во својот годишен извештај, овој Совет за Германија вели дека има „најлиберални прописи за доселување во светот“, но само за висококвалификувани лица. Мора да се овозможи полесен пристап и за луѓето кои имаат пониски квалификации, но се барани на пазарот на труд.

„Не се работи само за индискиот супер-информатичар, туку и - тоа можам да го потврдам од мојата изборна единица во Узедом – за украински готвач“, нагласува Амтор.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top